Груевски најави двојно поголема поддршка за развој на туризмот

Bez autora
Feb 10 2014

Оваа година Владата ќе издвои двојно повеќе средства од лани за развој на туризмот, најави во понеделникот премиерот Никола Груевски, прецизирајќи дека годинава се предвидени 150 милиони денари за Агенцијата за туризам. За Агенцијата за туризам се предвидени 150 милиони денари. Надвор од тоа се планирани средства и за меѓународна медиумска промоција. Охрабрени сме од минатата година затоа што имаше раст од 26 проценти на странски туристи и шест проценти на домашни туристи во споредба со 2012 година, изјави премиерот. Ваквиот резултат, додаде, се должи на чекорите што ги презема Владата меѓу кои давањето субвенции на тур операторите, кои носат туристи во Македонија, на авиокомпаниите и меѓународната медиумска промоција на земјата. Од оваа година, во буџетот за туристичка промоција на земјата ќе се слеваат средства од игрите на среќа, поточно 40 милиони денари.

Груевски најави двојно поголема поддршка за развој на туризмотОваа година Владата ќе издвои двојно повеќе средства од лани за развој на туризмот, најави во понеделникот премиерот Никола Груевски, прецизирајќи дека годинава се предвидени 150 милиони денари за Агенцијата за туризам.

„За Агенцијата за туризам се предвидени 150 милиони денари. Надвор од тоа се планирани средства и за меѓународна медиумска промоција. Охрабрени сме од минатата година затоа што имаше раст од 26 проценти на странски туристи и шест проценти на домашни туристи во споредба со 2012 година", изјави премиерот.

Ваквиот резултат, додаде, се должи на чекорите што ги презема Владата меѓу кои давањето субвенции на тур операторите, кои носат туристи во Македонија, на авиокомпаниите и меѓународната медиумска промоција на земјата.

Од оваа година, во буџетот за туристичка промоција на земјата ќе се слеваат средства од игрите на среќа, поточно 40 милиони денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik